Потврдено! Саша Поповиќ стана пензионер! Откриено колку пари ќе добива месечно, но дали ќе го напушти Гранд...

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потврдено! Саша Поповиќ стана пензионер! Откриено колку пари ќе добива месечно, но дали ќе го напушти Гранд...

Наполнил 65 години

Директор и косопственик на “Гранд продукција“, во април наполнил 65 години, што значи по закон, нема пречка да поднесе барање во Фондот на ПИО за одење во пензија.

Одговор од надлежните стигнал неодамна, а во него пишувало дека Поповиќ ги исполнил сите неопходни услови. Сепак Саша нема намера да се повлече од работа, туку дека и понатаму останува на иста позиција, тврдат луѓе блиски до него.

- Незнам точно колку има стаж, но знам дека на Фондот за пензионери одамна плаќал допринеси, уште пред да ја формира “Гранд продукција“ со Лепа и Боба. Претпоставувам дека има повеќе од 35 години работен стаж. Таа пензија за него не претставува нешто посебно во материјална смисла, бидејќитој финансиски е обезбеден. Сеуште заработува позамашна сума пари бидејќи и понатаму поседува помал дел во компанијата – вели изворот.

Колкава пензија ќе добива Поповиќ, не е познато, но тоа сосема сигурно ќе биде пристојна сума.

По правило и закон, луѓе кои работниот век го поминале на водечки позиции примаат пензија од 80.000 до прку 100.000 месечно, но не знаеме колку Саша ќе добива. Тоа зависи колку работниот стаж има, како и на кој начин пред формирање на “Гранд продукција“ уплатувал допринеси. Ако тогаш исплаќал паушален износ, тогаш пензијата ќе му биде доста помалку – додал соговорникот.

По прашањето за повлекување на Поповиќ од работа, тој честопати го менувал мислењето. Така во 2015 година рекол дека планира да замине во пензија, бидејќи веќе 42 години работи и смета дека тоа е сосема доволно. Но нпред неколку месеци изјавил дека од тоа нема ништо.

- Не одам во мензија, што ќе правам? Што ќе работам? Рано е за мене – рекол Саша во јуни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата