Тешка сообраќајка на регионалниот пат Демир Капија – Неготино - ИМА ЖРТВИ!

7.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешка сообраќајка на регионалниот пат Демир Капија – Неготино - ИМА ЖРТВИ!

Вчера во 13:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, во близина на клучка с.Тремник, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „хјундаи“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Е.К.(40) од с.Тремник, Неготинско, и патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од М.Н.(51) од Неготино. Притоа, Е.К. починал на местото на настанот, а М.Н. починал на патот кон болница. Основен јавен обвинител и екипа од Полициската станица Неготино извршиле увид на местото на настанот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата