Крокодил му го нападнал детето, а тогаш решил и тој да стане ѕвер...

2.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Крокодил му го нападнал детето, а тогаш решил и тој да стане ѕвер...

Еден татко од Филипините го спаси својот син од крокодил.

12-годишното момче Диего Абулхасан пливало со своето помало братче во реката во близината на семејната куќа, и крокодилот го нападнал и го потиснал под вода. Нивниот татко Тејд Абулхасан го слушнал вресокот и истрчал од куќата до реката и почнал да нурка со дрво. Веднаш почнал да удира по животното – но крокодилот не сакал да го пушти Диего.

Во очај и панка тој го фатил ѕверски и неколку пати го гризнал за нога. Чудесно, крокодилот го ослободил Диего и отпливал далеку во матната вода, го извадил својот син на брегот и веднаш го однел во болница. Таткото успеал да го долови чувството на полицајците кога го здогледал крокодилот како го зграбува неговиот син.

– Во моето тело имаше толку адреналин што немав време за размислување. Го удирав крокодилот и тој не го ослободи мјот син. Се борев сам со крокодилот и го гледав во очи, изјавил таткото. – Потоа од нигде никаде дојдов на идеја да го искасам. Го зграбив за нога и го загризав најсилно што можев. 12-годишното момче поминало два дена во болница па потоа било пуштено дома само со неколку лузни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата