Цетински го „пукнаа“ емоции: Драг Тоше те сакаме до последниот здив!
16.10.2019
По повод годишнината од смртта на Тоше се огласи и хрватскиот пејач Тони Цетински, со кого Тоше другаруваше, а снимија и дует.
„Секоја година ни доаѓа тој ден, тоа утро како нешто што не сакаме да го дознаме, чуеме, насетиме... но сепак немилосрдно доаѓа и потсетува колку сме нежни и како никогаш не знаеме што ни носи следниот ден. Тешко е веќе еве дванаесетта година да прифаѕиме дека те нема тука. Единствена надеж ни е тоа што беше и остана доказ дека ангелите во човечки облик постојат и остануваат секогаш тука, крај нас....Драг Тоше те сакаме до последниот здив. ЗАСЕКОГАШ БРАТКО МОЈ“, напиша меѓу другото во својата емотивна објава Цетински