Чавушоглу: Анкара ќе возврати на американските санкции

10.10.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чавушоглу: Анкара ќе возврати на американските санкции

Турција ќе возврати доколку САД воведат санкции поради нејзините воени опеарции во североисточниот дел на Сирија, против курдските борци кои ги поддржува Вашингтон, рече турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.

Анкара може да биде соочена со санкции, предложени од републиканскиот сенатор, Линдси Грем и неговиот демократски колега Крис Ван Холен, кои би го погодиле имотот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и други високи претставници.

Според предлогот на Грем, би биле воведени и визни рестрикции и санкции за сите кои вршат воени трансакции со Турција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата