Бебе голтнало марихуана, едвај го разбудиле

19.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бебе голтнало марихуана, едвај го разбудиле

Родителите не успеале да разбудат од длабок сон едногодишно бебе, по што повикнале Брза помош и го однеле во болница. Откако му биле направени детални анализи се утврдило дека во крвта на бебето има канабис. Настанот се случил во Милано, каде живее семејството. Откако откриле дека во крвта на бебето има траги од канабис, лекарите ја известиле полицијата која почнала истрага. Родители негирале дека користат дрога.

Истрагата покажала дека за време на инцидентот на гости бил чичкото на бебето, кој инаку живее во Србија и кој поседувал и консумирал марихуана во форма на џоинт.

Инаку, мајката на бебето е 31-годишна Србинка, а татко 38-годишен Египќанец, кои живеат во Милано.

Полицијата и лекарите претпоставуваат дека бебето земало мала количина марихуана од невнимателен чичко и случајно ја проголтало, така што надлежните не покренале постапка против родителите додека чичкото ќе ги сноси санкциите предвидени со закон.

Болницата во Милано соопшти дека бебето се чувствува добро, но за секој случај, тоа ќе остане уште неколку дена во таа здравствена установа за набљудување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата