Николоски: Со розови очила не може да се скријат торбите со милиони РЕКЕТ и структурите на СДСМ кои помагале (ВИДЕО)

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Николоски: Со розови очила не може да се скријат торбите со милиони РЕКЕТ и структурите на СДСМ кои помагале (ВИДЕО)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во вечерашната анализа на 24 вести вели дека очекува граѓаните да не бидат казнети заради лошто владеење на Заев и СДСМ.

- Владината корупција стана проблем, медиумски слободи се на најниско ниво, слободата и демократијата назадува

Не можеме да лажеме за состојбата во Македонија. Граѓаните не треба да бидат казнети заради Заев и неспособноста на оваа влада. Дали имаме корупциски скандал Рекет, дали имаме торби полни со пари, гледаме? Дали структурата на СДСМ помагала во рекетирањето? Дали десетина милиони евра биле рекетирани, никој не ме демантираше? Дали на чело на пирамидата стои врвот на власта? Веројатно стои.

Денеска имаме нова афера, онаа за Рашковски се обидоа да ја заташкаат, нов скандал со градоначалникот на Скопје денеска.

Последнава афера од денес е втората најголема компанија во здравството од Шведска да не влезе во земјава. Известени се амбасадата...премиерот, чим има кривична, сигурно не им било убаво

Врвот на СДСМ веројатно сметаше дека со решавањето на името, меѓународната заедница ќе им дозволи да прават што сакаат, да крадат. Не може да ставиме розеви очила.

Добро е држава да напредува. Уште лани рековме дека најголема грешка е да влеземе во иста група со Албанија. Година ипол покасно зборуваме за истото, но никој тоа не сака да ги одвои овие две евалуации, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски за анализа на 24 вести

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата