ПАНДОВ ЈА СОВЕТУВА КАТИЦА: Пиши писмо дека знаеш каде завршувале милионите

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАНДОВ ЈА СОВЕТУВА КАТИЦА: Пиши писмо дека знаеш каде завршувале милионите

Катице не ми се верува колку си наивна. Та нели ми тврдеше дека треба само да им го потпишеш писмото за префрлање на предметите и Фрчковски ти гарантира дека ќе те пуштат? Што е сега ова што читам нови 30 дена притвор барала Вилма?

Твој си е животот и ти самата си одлучуваш за него, како и од кого ќе слушаш совети, голема си. Денес и самата се увери дека Фрчковски е слаткоречив хохштаплер, трчилажи, лажовчина, нешо као Боки Тредичи поради кого си со психијатри во Шутка. Размисли си, меѓутоа мое е да ти кажам дека ако одиш по паметот на Фрки дупло ќе го јадеш, за тебе е подобро што побрзо ова го сфатиш.

Од друга страна еве ти совет од мене. Читај внимателно:
Напиши писмо до Заев, Шеќеринска и Рускоска, во кое објаснуваш детално како ти е подметнато писмото со кое му ги даваш предметите на Јовевски и дека ти како правник кој ги почитува уставот и законите, на крај на памет не ти е да ги кршиш, но во случајов си била принудена.
Прво дека ти доаѓале чудни ликови во келија кој ти се заканувале дека ако не го потпишеш ќе ти го притворат и синот Лазар, а воедно и се сомневаш дека ти се подметнуваат во храната седативи и опојни дроги, затоа што при чиста свест и здрава памет такво писмо никогаш не би потпишала! Со П.С. на крај потсети ги дека знаеш каде завршувале милионите од рекетираните бизнисмени и стави стави им емој со намигање (овој?, за и Костадин да се усере, да мисли дека си човек на Груевски). Ако за еден саат не те пуштат од притвор, а го можат тоа (сети се на Крсто како Рускоска го ослободи на денот кога се гласаше промена на уставот), тогаш прати ми го мене, јас ќе го објавам, па да видат тогаш чива мајка црна волна преде! Содржината можеш исто пола пола да ја пишуваш, дел печатно, дел ракописно, дел на компјутер, само те молам немој да заборавиш да го потпишеш.

Баба ми покојна со која изразнав како дете беше многу религиозна жена. Но и таа ми велеше: ,,Внучко ако сакаш господ да ти помогне, прво самиот треба да си помогнеш''.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата