Тинејџерка планирала да убие 400 ученици од забава, пушката ја чувала во спалната соба

18.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерка планирала да убие 400 ученици од забава, пушката ја чувала во спалната соба

Алексис Вилсон (18) од Мекалестер, Оклахома, е уапсена во понеделникот, откако им признала на колегите дека планирала да убие 400 луѓе од забава во нејзината стара гимназија.

Алексис на колегите на работа им покажала слики и снимки на кои држи пушка АК-47, изјавувајќи дека сака да убие стотици луѓе и дека во нејзиното поранешно училиште ги има толку многу што би сакала да го направи тоа таму.

Posted by Alexis Wilson on Четврток, 20 јуни 2019

Таа се обидела да ги убеди колегите дека сите сопственици на оружје не се лоши луѓе, пренесува „Ју-ес-еј тудеј“. Алексис била исфрлена од средно училиште откако повеќе пати била фатена со нож и свастика. Според извештаите на медиумите, таа била малтретирана во училиште и не успеала повторно да се запише. Во нејзината спална соба полицијата пронашла пушка АК-47 и двоцевка, како и списанија за оружја.

Posted by Alexis Wilson on Сабота, 27 јули 2019

Алексис е во притвор во областа Питсбург поради терористички закани, а кауцијата изнесува 250.000 долари. Обезбедувањето во нејзиното поранешно училиште е засилено како мерка на претпазливост. Тинејџерката се соочува со затворска казна до 10 години.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата