Камион со 81 мигрант излетал од патот кај селото Черкезе

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Камион со 81 мигрант излетал од патот кај селото Черкезе

Камион со 81 мигрант излетал од патот кај кумановското село Черкезе. Како што информира полицијата, синоќа во 23 часот на автопатот Куманово – Табановце,  полициски службеници најпрво се обиделе да го сопрат камионот  „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало.

Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред селото Черкезе, Кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на камионот биле пронајдени 81 мигрант од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите се привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата