Меркел: Останува забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија 

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Меркел: Останува забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија 

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека не ги гледа нападите врз Саудиска Арабија како причина за прекинување на германската забрана за извоз на оружје во земјата.

Влијателeн пратеник од Христијанско-демократскиот сојуз на Меркел предложи Германија да размисли за дозвола на извоз на системот за одбранбено оружје во Саудиска Арабија, објави АП.

Меѓутоа, Меркел рече дека „во моментов не гледа услови за промена на ставот на германската влада“.

Иако ги осуди нападите врз Саудиска Арабија, таа рече дека забраната стапила во сила делумно заради загриженоста на Германија за конфликтот во Јемен, кој не е променет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата