По улогата на вселенски патник, Бред Пит ќе дознае како е вистински да се живее и работи во вселената

17.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По улогата на вселенски патник, Бред Пит ќе дознае како е вистински да се живее и работи во вселената

Бред Пит (55) ќе разговара со астронаутот Ник Хаг за тоа како е да се живее и работи во вселената, соопштија од НАСА.

Американскиот актер во филмот „Ад Астра“ патува низ Сончевиот систем одејќи на Месечината и на Марс.

Хаг и неговите колеги неодамна го гледаа филмот.

Иако НАСА не е спомената во филмот, вселенската агенција им обезбедила фотографии и одредена техничка поддршка. Тие го разгледале и првичното сценарио на филмот „Ад Астра“.

НАСА планира повторно да ги испрати астронаутите на Месечината во следните пет години, а честопати го нуди своето знаење при снимање филмови за вселенско летање.

Фотографиите на НАСА веќе се користени во филмовите „Марсовец“, „Интерстелар“ и „Гравитација“ за да се поттикнат истражувањата во вселената.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата