Фронтменот на групата „Карс“ пронајден мртов во стан во Њујорк 

16.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фронтменот на групата „Карс“ пронајден мртов во стан во Њујорк 

Рик Окасек (75), фронтменот на рок-групата „Карс“, беше пронајден мртов во неделата, 15 септември, во неговиот стан во Њујорк.

Њујоршката полиција добила повик за „човек во несвест“, пренесува „Си-ен-ен“. Окасек, чиј идентитет го потврди полицијата, беше прогласен за мртов на местото на настанот.

Групата „Карс“ се здоби со популарност кон крајот на 70-тите и раните 80-ти години на минатиот век, со хитовите како „My Best Friend’s Girl“ и „Drive“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата