Шамари и навреди за девојче, околу неа сите се смеат

13.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шамари и навреди за девојче, околу неа сите се смеат

Учесниците во ова видео со врсничко насилство се прва година средно одделение во училиште во Барајево, Србија. Во него се гледаат две ученички кои напаѓаат трета, а на сето тоа се смеат сите соученици.

Видеото поглендете го тука.

Надлежните веќе работат на расчистување на случајот, сооптштија српските медиуми. Во истрагата на Министерството за образование е вклучена и Единицата за борба против врсничко насилство, како и Секторот на средни школи.

Директорот на училиштето за „Телеграф“ вели дека против двете ученички е покрената дисциплинкса постапка, а во случајот е вмешана и полицијата, имајќи предвид дека едната ученичка има 15, а другата 14 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата