Ердоган: Турција веќе не ги отвора вратите за нови бегалци

10.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Турција веќе не ги отвора вратите за нови бегалци

Турција веќе не може да ги отвори границите во случај на нов бегалски бран што се заканува по нападите врз Идлиб во Сирија, предупреди турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

„Турција веќе згрижи милиони сириски бегалци и на тој начин ја заштити цела Европа“, изјави Ердоган.

Според него, Турција инсистира на тоа регионот источно од Еуфрат и ирачката граница да се исчисти од терористичката закана од Курдската работничка партија и Силите за заштита на народот. Рече и дека за него е неприфатливо САД да испраќаат илјадници шлепери помош и оружје во тој регион, што на крајот станува закана за Турција.

„Од САД очекуваме да бидат крај нас во борбата против тероризмот и инсистирањето да воспоставиме безбедносна зона за мигрантите“, рече Ердоган.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата