Изгаснат пожарот во Битолската чаршија

9.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Изгаснат пожарот во Битолската чаршија

Речиси два и пол часа траела битката на пожарникарите со пламените јазици кои во Старата чаршија во Битола што денеска напладне зафатија три кровни конструкции на дуќани.

Опожарените објекти се наогале на влезот на чаршијата кај дрвеното мовче. Екипите интервенирале и на обект кој се наоѓал зад дуќаните.

Во гаснење на пожарот учествувале и сопствениците на објектите ,но и соседите. Сеуште нема информации како дошло до пожарот, а одговорот треба да го даде истрагата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата