ЕХФ: Вардар знае како се освојува Лигата на шампионите

3.09.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕХФ: Вардар знае како се освојува Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите ја објави листата на фаворити за титулата што ќе ја бранат ракометарите на Вардар.

ЕХФ објави листа со пет екипи што во овој момент дејствуваат како најсериозни кандидати за титулата.

На петтото место е Вардар, а во коментарот на ЕХФ пишува:

„Можете ли подобро од тоа да ја освоите Лигата на шампионите двапати во последните три сезони? Тешко. Тимот ова лето повторно требаше да се изгради по заминувањето на тренерот Роберто Гарсија Парондо и клучните играчи од финалето, Игор Карачиќ и Дејан Милосављев. Но, ова не исплаши никого во Скопје. Тие претходно имаа сличен егзодус. Тие знаат како се освојува титулата“.

Во кругот на фаворити уште се Кјелце, Барселона, Веспрем и Пари Сен-Жермен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата