И Словенија ја ТРЕСЕ СКАНДАЛ ЗАРАДИ КАТИЦА: Сомнителен институт финансиран со ДРЖАВНИ ПАРИ, ја прогласил за „НАЈДОБРА ОБВИНИТЕЛКА"

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И Словенија ја ТРЕСЕ СКАНДАЛ ЗАРАДИ КАТИЦА: Сомнителен институт финансиран со ДРЖАВНИ ПАРИ, ја прогласил за „НАЈДОБРА ОБВИНИТЕЛКА"

Катица Јанева и нејзините домашни и странски поддржувачи предизвикаа скандал и во Словенија. Словенечката Нова 24 ТВ пишува дека словенечкиот Институт ИФИМЕС, инаку мошне активен во поддршката на Зоран Заев при неговото нелегално инсталирање во премиерската фотелја, и доделил на специјалната овинителка признание, како што пишува Нова 24, за „најдобра на Балканот“.

Озлогласената македонска обвинителка Катица Јанева е признаена како „најдобра“ на Балканот - наградена преку сомнителниот институт ИФИМЕС, финансиран од даночни обврзници, чии први луѓе и основачи имаат врски со радикални исламистии Исламската држава, пишува Нова24ТВ.

Пред неколку дена, пишува НОВА24ТВ објавивме на веб-страницата дека е сослушана специјалната обвинителка Катица Јанева во скопското обвинителство поради обвиненија за вмешаност во афера со корупција која води до премиерот Зоран Заев, премиер на социјалистичката македонска влада и и одреди 30-дневен притвор еден ден подоцна.

Денес на Нова24ТВ откриваме дека Јанева ја доби наградата „Најдобро обвинителство на Балканот“ од словенечката невладина организација, само две години претходно во Блед. Институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), со седиште на ул. Вошњакова 1 во Љубљана. Главниот говорник на овој настан беше Јелко Кацин. Институтот, кој е многу финансиран од општините Љубљана и Копер, има црни точки, бидејќи и порано добитниците на наградите оделе во затвор, а неговите сопственици дури и се поврзуваат со Исламска држава, пишува Нова24ТВ.

Признанието и го доделил Зијад Бечировиќ, кого полицијата го поврзува со радикални исламисти, а на фотографијата која ја пласира Нова 24 е присутен и д-р Ернест Петрич, поранешен уставен судија (на насловната фотографија лево).

Но, тоа не е проблем, вели Нова 24. Проблем е што Инстутутот е финанансиран од пари на даночните обврзници на Словенија. Така, како што пишува Нова 24, „сомнителниот институт со сомнителните сопственици е мошне великодушно финансиран со пари на даночни обврзници. Општина Копер до денес инвестирала речиси 70.000 евра во Институтот на Бешировиќ, државната компанија ЕЛЕС д.о.о. 65 илјади евра… Покрај ЕЛЕС, ГЕН-Енергија исто така великодушно платила над 5.000 евра на Институтот. ИФИМЕС, исто така, се финансира и од ДАРС, кој платил осум илјади евра, а Министерството за одбрана на Република Словенија четири илјади евра“.

Сомнително е како и со чии пари се финансира институтот, основан во 2002 година, кој нема никаква научна референца. Нејзини основачи се Аљаф Бахатијар (кој живее во Загорје на Сава и е на списокот на официјални толкувачи на Министерството за правда за курдскиот јазик) и Мирко Пејановиќ, босански политичар, кој беше член на Претседателството на БиХ за време на распадот на Југославија.

 

Признанието на Јанева и е доделено пред две години. Нова 24 сега истакнува дека Јанева е во притвор, и дека таа одиграла една од клучните улоги во соборувањето на десничарската влада на Никола Груевски.

Како што наведува Нова 24, признанието „Најдобро обвинитество на Балканот“ и е доделено на свеченост на Блед, а главен говорник бил Јелко Кацин, поранешен европратеник од Словенија чија партија се распадна, кој кон крајот на минатата деценија и почетокот на оваа, водеше вистинска „војна“ против десничарската владата на Македонија со цел таа да се натера да ги смени името на државата, при што Кацин доживеа силен пораз од кој не се опорави.

 

Јелко КАЦИН

Нова 24 на кратко ги прераскажува и последните настани во Македонија околу аферата „Рекет“ и притворот на „најдобрата“, го опишува и сомнителното минато на Зијад Бечировиќ, а наведува дека босанскиот Аваз пишувал дека Бечировиќ е под надозр на словенечката полиција заради тесни врски со „радикални исламски кругови“.

Сепак, тоа што најмногу ги засега Словенците, наведува порталот, е што еден ваков Институт се финансира со државни пари. Заклучокот дека тоа ја вплеткува и Словенија како држава во криминалното досие на Јанева, сам по себе се наметнува.

Извор: Нова24ТВ

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата