Трамп му вети голем трговски договор на Џонсон по брегзит

25.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Трамп му вети голем трговски договор на Џонсон по брегзит

Американскиот претседател Доналд Трамп вети многу голем трговски договор со Велика Британија по брегзит, по работниот појадок со британскиот премиер Борис Џонсон на маргините на самитот на Г7 во Бијариц, Франција.

Тоа е прва средба на двајцата лидери откако Џонсон стана британски премиер. Трамп рече дека договорот со Велика Британија ќе биде постигнат многу скоро.

,,Ќе склучиме многу голем трговски договор, поголем отколку што некогаш сме имале со Велика Британија. И во еден момент нема да имаат пречка…затоа што сега го имаат тоа”, рече Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата