Скопјанец удрил во паркирано возило, па со метален предмет го нападнал возачот

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанец удрил во паркирано возило, па со метален предмет го нападнал возачот

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во парк „Аеродром“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од Д.П.(42) од Скопје врз М.А.(73) од Скопје.

Според пријавеното, Д.П. најпрво со своето возило „фолксваген “ со скопски регистарски ознаки удрил во паркираното возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил М.А., а потоа и физички го нападнал со метален предмет. Двајцата претходно имале расправија околу продажба на производи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата