Митовски за заканата од премиерот: Класична закана и притисок да не се објават информации за Рекет

24.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Митовски за заканата од премиерот: Класична закана и притисок да не се објават информации за Рекет

Изјавата на премиерот Зоран Заев, кој најави дека ќе ме тужи мене и нашата редакција, не е ништо повеќе од паничен рефлекс во момент кога станува јасно дека она што го зборувал било невистина, вели за Пресинг Тв новинарот Александар Митовски.

Митовски смета дека „соопштението на ОЈО, но и етикетирањето за мене и нашиот медиум повеќе личи на политичка порака, отколку на соопштение од правосуден орган“.

Според мене, се работи за класична закана и притисок врз медиумите и другите колеги новинари да не се осудуваат да објават информации, кои тие би ги имале поврзани со власта и аферата „Рекет“, нагласува тој.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата