ПРОТЕКОА ТАЈНИТЕ ДОКУМЕНТИ: Aмазон гори НАМЕРНО, заради бизнис планови

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПРОТЕКОА ТАЈНИТЕ ДОКУМЕНТИ: Aмазон гори НАМЕРНО, заради бизнис планови

Амазон, најголемата шума во светот од која зависи еколигијата на целата планета гори - со план! Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се надевал дека ќе успее да ги саботира напорите за зачувување на Амазон, откриваат документи што неодамна излегоа на јавноста.

Бразилската влада, наводно, планирала да гради мостови, автопати и хидроцентрала во џунглата.

Плановите беа објавени од страна на политичкиот портал „Отворена демократија“ и тоа сега откако почна беснеењето на пожарите што го уништуваат Амазон. Документите покажуваат дека владини и локални власти се состанале, а за време на митингот во февруари, министрите презентирале бизнис и економски план за спорниот регион.

"Развојните проекти мора да се спроведат во сливот на Амазон за да се поврзе тој дел од земјата со остатокот од државата, да се спротивставиме на меѓународните притисоци за зачувување на областа. Затоа, императив е да изградиме хидроцентрала, мост преку Амазон и пат до границата" се вели на состанокот а се чита во тајните докумнети. 

Од друга страна, странските влади и светските колошки невладини организации се борат за Амазон, што јасно ги нарушува државните планови на бразилскиоата власт. Амазон е дом на најголемата заштитена област во светот, дождовна шума од 135 милиони хектари што се протега од Андите до Амазон и Атлантикот. 

Локалните селани се обидуваат да направат сè за да ја спасат дождовната шума. Една жена ги обвини нелегалните земјоделци за намерно палење пожари. Не само што нивната земја исчезнува, туку сега имаат респираторни проблеми поради чадот. Да потсетиме, досега се регистрирани 73.843 пожари, 84 проценти повеќе од лани.

Дебелиот црн чад дури стигнал до крајбрежјето на Атлантикот, а Сао Паоло бил измачуван од неверојатна темнина среде денот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата