Двајца израелски Арапи уапсени за учество во Исламска држава

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двајца израелски Арапи уапсени за учество во Исламска држава

Двајца израелски Арапи се уапсени и обвинети за терористичка обука и заговор за извршување убиство во име на терористичката група Исламска држава, соопшти израелската агенција за безбедност Шин Бет во средата, пренесува „Брејтбарт“.

Двајцата Арапи, 22-годишниот студент по медицина Амин Јасин и 28-годишниот Али ал-Аруш, двајцата од израелскиот град Тамра, претходно биле уапсени под сомнение дека извршиле безбедносни престапи поврзани со ИД.

Тие биле повторно уапсени во јули во заедничка операција на полицијата и Шин Бет.

Во обвинението поднесено во средата се тврди дека двајцата се гледаат себеси како пратеници сè до воспоставувањето на Исламска држава во Израел.

Истрагата открила дека тие презеле значителен материјал поврзан со ИД, вклучувајќи упатства за оружје и како да се извршат терористички напади во соодветно време за корист на џихадот.

„Шин Бет ќе продолжи да работи со полицијата за да ги разоткрие осомничените кои работат за Исламска држава и ќе ги преземе неопходните мерки за да спречи каква било активност што е штетна за државната безбедност, вклучително и ширење на материјал за терористичката ИД во Израел“, велат од агенцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата