Новиот потпретседател на СДСМ брка новинари од Министерство за здравство

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот потпретседател на СДСМ брка новинари од Министерство за здравство

Додека бил портпарол на Министерството за здравство новиот потпретседател на СДСМ Коста Петров не дозволувал медиумите да земат изјави пред влезот на министерството.

Причината да ја избрка екипата на „Алфа“ од пред влезната врата на сонце кога било забрането да се работи на отворено поради високи температури била затоа што новинарите не биле претставници на Министерството за здравство, а изјавата не била најавена.

Експертот за односи со јавноста неодамна беше дел од македонската екипа која ја придружуваше Тамара на „Евровизија“ како автор на текстот на „Proud“ заедно со неговата сопруга. На социјалните мрежи кружи и фотографија на која Петров седи на слот-машина, па дел од коментарите се на сметка на тоа каков кадар повторно регрутира СДСМ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата