Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Центар

23.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка во Центар

Едно лице е тешко повредено и пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош по сообраќајна несреќа во која учествувале возило и мотоцикл. Несреќата се случила вчера во 13: 40 часот на булеварот „Гоце Делчев“ помеѓу  „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.С.(36) од с.Идризово и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки управуван од Д.Ѓ.(37) од Скопје.

Полициски екипи на местото на несреќата извршиле увид.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата