Русија испрати хуманоиден робот во вселената

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија испрати хуманоиден робот во вселената

Русија го испрати хуманоидниот робот Фјодор на Меѓународната вселенска станица, како дел од тестот за новата ракета која треба да ја замени постојната.

Пред да замине, Фјодор рекол: „Одиме! Одиме!“, повторувајќи ја познатата фраза на Јуриј Гагарин.

Капсулата Сојуз, која обично превезува астронаути, полета со новата ракета Сојуз 2.1а, која досега се користеше исклучиво за летови без екипаж, пренесува АП.

Новата ракета е предвидено да започне со употреба следната година.

Роботот бил сместен во главното седиште на капсулата, додека во десната рака држел руско знаме. По пристигнувањето во орбитата, роботот успеал да прати твит и да ја извести јавноста дека тестовите одат според планот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата