Пацоли: Помпео ја охрабри Србија да го продолжи дијалогот со Приштина

22.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пацоли: Помпео ја охрабри Србија да го продолжи дијалогот со Приштина

Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли по средбата помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот државен секретар Мајк Помпео, оцени дека американскиот дипломат го охрабрил Белград за продолжување на преговорите со Приштина, со цел да се дојде до сеопфатен договор на нормализирање на односите, кој според него, би резултирал со меѓусебно признавање.

Пацоли вели дека Помпео нагласил оти Србија треба да избегнува провокации што го попречуваат процесот на нормализација и да се ангажира во духот на компромис и флексибилност, неопходни за постигнување договор.

Пацоли му заблагодари на Помпео за неговиот принципиелен став за поддршка на Косово.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата