Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

21.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август.

Како што информираат од МВР, скопјанецот бил вработен во приватна фирма и извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ, при што во еден момент паднал и од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од брза помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени и две возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата