Филмска потера низ Бањани, имало и пукање

20.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филмска потера низ Бањани, имало и пукање

Доцна синоќа, односно некаде околу 1 часот после полноќ во атар на село Бањани, Скопскo, полициски службеници откако забележале комбе натоварено со дрва преземале мерки и активности за запирање на возилото. Возачот на даден знак не го сопрел возилото заради контрола, туку истото продолжило со движење. Во еден момент службено возило на полицијата било удрено од возило „сеат“ а полициските службеници излегле од возилото и испукале неколку предупредувачки куршуми во воздух со цел сопирање на возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата