Кутињо во Бајерн! Ќе биде најдобриот во Бундес лигата

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кутињо во Бајерн! Ќе биде најдобриот во Бундес лигата

Германскиот фудбалски гигант, Баерн Минхен утрово го промовираше Филипе Кутињо како свое ново засилување. Бразилецот стигнува во Минхен како позајмен играч, а доколку „баварците“ сакаат да го откупат неговиот договор следното лето ќе треба да платат 120 мил. евра.

Баерн Минхен го комплетираше трансферот на Филипе Кутињо. Бразилецот ги помина медицинските тестови во неделата и го потпиша договорот. Тој ќе игра една година како позајмен играч од Барселона. Баерн Минхен има опција целосно да го откупи по истекот на позајмицата. Сите страни се договорија да не се објавуваат финансиските детали, стои во соопштението на Баерн.

За мене овој трансфер значи нов предизвик, нова земја со еден од најдобрите клубови во Европа. Како и Баерн Минхен, и јас имам големи амбиции и уверен сум дека ќе ги остварам заедно со моите нови соиграчи, изјавил Кутињо.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата