По 50 години најдена порака во шише од руски морнар

19.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По 50 години најдена порака во шише од руски морнар

На брегот на западна Аљаска, на почетокот на овој месец било пронајдено шише во кое се наоѓала порака од руски морнар, напишана пред 50 години, а благодарение на социјалните мрежи, наскоро бил пронајден и авторот.

Пораката во зелено шише ја нашол човек додека собирал дрва.

Тајлер Иваноф го објавил откритието на Фејсбук, а корисниците кои знаат руски јазик ја превеле пораката и таа значела поздрав на руски морнар, уште од времето на Студената војна. Во неа е напишана адреса и се бара одговор од лицата кои ќе ја најдат.

Новинари на руската телевизија „Русија 1“ откриле дека авторот на пораката е капетанот Анатолиј Ботсаненко.

„Изгледа дека е мој ракопис. Сигурно!“ рекол Ботсаненко, наведувајќи дека пораката ја испратил додека бил на бродот „Сулак“, чија изградба ја надгледувал во 1966 година и со кој пловел до 1970 година.

Ова откритие стариот капетан го примил многу емотивно и се расплакал кога слушнал од новинарите дека неговата пловна база фрлена во отпад во деведесетите години.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата