Комити и Гемиџии ПРАТИЈА ПОРАКА (ФОТО)

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Комити и Гемиџии ПРАТИЈА ПОРАКА (ФОТО)

Македонците никогаш нема да се предадат, пишува на транспарентот кој денеска беше истакнат од навивачките групи Комити и Гемиџии на првенствениот фудбалски натпревар меѓу Борец и Вардар во Велес.

И Гемиџиите и Комити навиваа за својот омилен клуб, но заеднички навиваа за Македонија и испратија заедничка порака преку големиот транспарент.

Натпреварот, кој е прв прволигашки за ФК Борец по 18 години, заврши без голови 0:0, но ќе остане запаметена заедничката порака на навивачките клубови од Велес и од Скопје.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата