Исплива доказ - еве како Луна во живо ја пее својата песна (ВИДЕО)

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Исплива доказ - еве како Луна во живо ја пее својата песна (ВИДЕО)

Обвиненијата кон Луна Џогани за тоа дека таа не ја пее нејзината прва песна - Деветтиот коло, ги поплавија медиумите во последниве денови, поради што нејзината мајка, Анабела Атијас, објави снимка на која се слуша и гледа како нејзината мезимица го снима своето првенче.

И додека сите велеа дека наместо Луна, можеше да се слушне само гласот на Антонија Гиговска како пее вокал на Џогани за оваа песна, Анабела реши да докаже поинаку.

Во снимката објавена од мајката на Луна, се слуша Џогани како пее по инструкциите на Дарко Димитров, креаторот на нејзината прва песна. Како звучи, дали звучи добро во живо како во песната - останува на вас. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата