ВМРО-ДПМНЕ: Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски

18.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски

СДСМ во недостиг на идеи и корисни мерки шират лажни вести. Земјоделците две ипол години го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на пратеничката од СДСМ, Прентовиќ.

„Цените со кои СДСМ се фали се реалност само во нивните бледи изјави и прес конференции, реалноста помеѓу земјоделците е сосема поинаква.

Нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски. И што е најстрашно не ги задоволуваат ниту основните трошоци за производство.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб. Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Неспособноста на СДСМ се виде за овие три години. Потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори и да се стави крај на уништувањето на земјоделието. Време е да се започне обнова на Република Македонија“ се наведува во реакцијата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата