Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се работи за „насилство во врската“.

На лице место уапсен е 43-годишен маж во врска со нападот над 32-годишна жена и помладо момче на возраст од 23 години, пренесе АП.

Во Германија изминатите недели се случија уште две убиства на метро станици. Осумгодишно дете загина на 29 јули во Франкфурт, кога под воз го турна 40-годишен маж, од Еритреја, кој живее во Швајцарија и сега е на психијатриско лекување.

Претходно, на 20 јули во Ферде, 34-годишна жена ја турна под воз 28-годишен пријател.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата