Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил во предградие на Париз. Очевидци велат дека незадоволниот гостин го застрелал во грбот 28-годишниот келнер.

Куршумот предизвикал сериозна повреда и екипата на итна медицинска помош, која пристигнала на местото на инцидентот, само констатирала смрт.

Напаѓачот избегал, а полицијата трага по него.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата