Милијардерот Џефри Епстајн се самоубил

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милијардерот Џефри Епстајн се самоубил

Резултатите од аутопсијата покажаа дека причина за смртта на милијардерот Џефри Епстајн е самоубиство со бесење, изјави портпаролката на канцеларијата на шефот на Патологија во Њујорк, Аја Ворти-Дејвис.

Официјалниот извештај за смртта на Епстајн ќе биде објавен во текот на денот.Весникот „Вашингтон пост“ пред два дена објави дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстајн бил скршен на повеќе места. Тој минатата сабота беше пронајден мртов во ќелија во затворот на Менхетн, каде го чекаше судењето за трговија со луѓе и сексуално злоставување.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата