Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“. Ова е денешниот фејсбук-пост на обвинителката Ленче Ристоска, без назнака за кого се однесува ова.

Ваквата реакција доаѓа по последната наредба на шефицата на СЈО, Катица Јанева за претрес на обвинителите при влез и излез од зградата на СЈО, што предизвика реакции кај дел од обвинителите. Веќе неколку недели СЈО е во центарот на аферата ,,Рекет” која ја бранува јавноста. Досега, од СЈО петмина вработени добиле покана за распит за случајот „Рекет“. Изјави дадоа шефицата на кабинетот на Јанева и обвинителите Лиле Стефанова, Елизабета Јосифовска и Бурим Рустеми. Во вторник на распит треба да се појави и Катица Јанева.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата