Почесни артилериски стрелби за Денот на Армијата

17.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почесни артилериски стрелби за Денот на Армијата

По повод 18-ти Август – Денот на Армијата, од касарната ,,Илинден“ во Скопје од 19 до 19.30 часот , ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од артилериски орудија, од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата.Претходно, во периодот од 15 до 18 часот ќе се изврши пробна артилериска стрелба со еден истрел од 6 артилериски орудија.

Централната свеченост по повод Денот на Армијата ќе се реализира на 18 август во Центарот за Обука на вода во Охрид, на која ќе присуствува највисокиот воен и државен врв, а пред присутните ќе се обратат претседателот на државата и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата