Русија ги покани Трамп и Ким на прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија ги покани Трамп и Ким на прославата на 75-годишнината од победата во Втората светска војна

Русија испрати покани до американскиот претседател Доналд Трамп, севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и британскиот премиер Борис Џонсон да присуствуваат на прославата на Денот на победата во Втората светска војна, која следната година ќе се одржи во Москва.

Како што соопшти советникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, свечената прослава по повод 75-годишнината од победата во Втората светска војна ќе се одржи на 9 мај 2020 година.

Ушаков потсети дека францускиот претседател Емануел Макрон веќе ја прифатил поканата, на 18 јули во телефонскиот разговор со рускиот претседател, Владимир Путин.

Меѓу повиканите гости се и германската канцеларка Ангела Меркел и кинескиот претседател Си Џинпинг.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата