Протести во Кашмир, Индија најавува ублажување на рестрикциите

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протести во Кашмир, Индија најавува ублажување на рестрикциите

Советот за безбедност на ОН денеска зад затворени врати на барање на Кина и Пакистан за расправа за ситуацијата во Кашмир по одлуката на Индија да го укине автономниот статус за дел од тој проблематичен регион под нејзина контрола.

Амбасадорите за ситуацијата во Кашмир ги брифираа заменикот на генералниот секретар на ОН, Оскар Фернандес Таранко и воениот советник на ОН, генерал Карлос Умберто Лоитеј, пренесе агенцијата АП.

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитриј Полјански, пред состанокот рече дека Москва е загрижена за последните случувања во Кашмир, но додаде дека станува збор за билатерално прашање меѓу Индија и Пакистан, земја која исто така полага право на оваа територија.

Генералниот секретар на организацијата „Амнести интернешнл“, Куми Наиду, изјави дека членовите на Советот за безбедност треба да имаат предвид дека нивниот мандат ги обврзува да го заштитат меѓународниот мир и безбедност и дека треба да бараат решение со кое човековите права на жителите на Кашмир ќе бидат ставени во прв план.

Во меѓувреме, стотици луѓе протестираат во индискиот дел на Кашмир, додека владата во Њу Делхи го увери Врховниот суд дека ситуацијата во спорниот регион е под контрола и дека безбедносните ограничувања ќе бидат укинати во следните неколку дена.

Демонстрантите носеле зелени муслимански знамиња и транспаренти со натпис: „Стоп за геноцидот во Кашмир. Свети, разбуди се“. Маршот се одвивал низ улиците на Шринагар, главниот град на Кашмир, контролиран од Индија.

Кашмир се наоѓа меѓу Индија, Пакистан и Кина и секоја од овие три држави има контрола над еден дел од територијата.

Откако Индија се стекна со независност од Велика Британија во 1947 година, под притисок од Муслиманската лига беше решено да се создадат две држави: Индија и Пакистан.

Следната година се случи првата од двете војни меѓу овие земји за контрола на Кашмир.

Војната заврши со поделба на регионот, иако двете страни полагаат право на целата негова територија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата