Северна Кореја повторно лансираше две ракети кои паднаа во море

16.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северна Кореја повторно лансираше две ракети кои паднаа во море

Северна Кореја повторно истрела две балистички ракети со краток дострел кон источниот брег на земјата, соопштија официјални лица на Сеул, со што продолжија тестирањата на оружје, кои доаѓаат во време на замрзнатите нуклеарни разговори со Вашингтон и продолжувањето на воените вежби на САД и Јужна Кореја, коишто го разлутија Пјонгјанг.

Ова е шести пат како се испукани проектили од 25 јули навака. Ракетите биле истрелани од северната покраина Кангун, првите во 8:01 часот по локално време, а вторите 15 минути подоцна, соопшти војската на Сеул. Војската информираше дека достигнале висина од околу 18 милји и летале 143 милји пред да се паднат во водите меѓу Јужна Кореја и Јапонија.

Генерално, Сеул ги класифицираше другите неодамнешни лансирања на северот како балистички ракети со краток дострел.

Во Вашингтон, висок претставник на администрацијата изјави дека САД е свесен за случувањата и ќе продолжи да ја следи состојбата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата