Се огласи Цеца по сите напади на Карлеуша ВРЗ НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се огласи Цеца по сите напади на Карлеуша ВРЗ НЕЈЗИНИТЕ ДЕЦА

Некогашните пријатели Јелена Карлеуша и Аца Лукас водат „војна“ на „Инстаграм“. Се започна кога поп дивата напиша пост за роденденот на српски бизнисмен, а Лукас се пронајде истиот и веднаш и одговори.

Карлеуша не остана должна, па војната продолжи, а таа ги нападна и Цеца и Анастасија Ражнатовиќ.

Српските медиуми пренесоа дека Вељко Ражнатовиќ исто така и одговорил на Карлеуша, објавувајќи заедничка фотографија со Лукас.

Меѓутоа, Цеца ги демантираше овие пишувања објаснувајќи дека Вељко нема „Фејсбук“. Имено, Ражнатовиќ на својот „Инстаграм“ сподели фотографија од веста, а во описот напиша: „Вељко нема „Фејсбук профил!“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата