Горан Трајковски и официјално стана директор на Еуростандард банка

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Горан Трајковски и официјално стана директор на Еуростандард банка

Денеска од страна на Централниот регистар беше објавено дека Горан Трајковски ја превзема раководна функција во Еуростандард банка, oткако тој претходно си замина од директорското место во Агенцијата за зашита на лични податоци.

Како што претходно објавивме тој од функцијата која ја вршеше претходно си замина токму поради превземање на нова функција, а не дека се повлекува поради најавената „метла“ од страна на владата.

– Апсолутно, нема врска со метлата. Ми кажаа дека медиумите пишувале дека има негативно мислење од Владата. Ако проверите, ќе видите дека мислењето за последниот поднесен извештај е позитивно во целост. Не би сакал повеќе да коментира, сакам само да се верификува оставката. Одам на друга функција – изјави тогаш Трајковски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата