Во Италија рекордна добивка на лото – 209 милиони евра

15.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Италија рекордна добивка на лото – 209 милиони евра

Најголемата добивка во историјата на италијанската популарна лотарија, „Супер Еналото“, вредна 209 милиони евра, беше остварена во средата, а добитно е ливче купено во местото Лоди.

Добтникот за две евра го купил ливчето во барот „Марино“, а тоа му донело среќа и феноменална награда, објави агенцијата „Анса“.

Оваа добивка ги надминува лотариите „Еуромилиони“ и „Еуроџекпот“ каде најголемата сума беше 75 милиони, како и американските „Мега Милиони“ и „Пауербол“, каде беа извлечени добивки од 65 и 138 милиони долари (околу 58 и 123,5 милиони евра).

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата