Костадинов за "Суетниот новинар": ЗА ДА ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЛУЃЕ ОБЈАВУВАЈЌИ НЕКАКВИ КОЛУМНИ (ВИДЕО)

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костадинов за "Суетниот новинар": ЗА ДА ПРИВЛЕЧЕ ВНИМАНИЕ ЗЛОУПОТРЕБУВА ЛУЃЕ ОБЈАВУВАЈЌИ НЕКАКВИ КОЛУМНИ (ВИДЕО)

Портпаролот и пратеник на СДСМ, Костадин Костадинов денеска на одговор на новинарско прашање дали како пратеник ќе се огради од изјавата на Премиерот Зоран Заев во која тој упати квалификации кон новинари и хомосексуалци, изјави дека институциите од доаѓањето на оваа влада не служат како алатка за репресија кон новинарите.

„Го знаеме добро, односот на оваа влада спрема медиумите, спрема новинарите. Знаеме дека институциите, од доаѓањето на оваа влада, не служат како алатка за репресија кон новинарите. Ги знаеме светските индекси кои што ја мерат слободата на изразување, слободата на говор, кажуваат и покажуваат реален раст во однос на слободата на изразување. Ние немаме никакви проблеми во однос на слободата на изразување. Апсолутно, кога се однесува за нешто, каде што некој новинар вели дека имал докази и притоа истите докази не ги пријавил во обвинителството. Туку, наместо да ги пријави, за лична корист, сакајќи да привлече внимание спрема себе, злоупотребува луѓе, објавувајќи некакви колумни. Веројатно, во таа смисла, беа искажани и зборовите ‘суетен новинар’. Ние немаме никакви проблеми со слободата на говор, ниту пак на било кој начин, пробуваме да работиме на штета на слободното изразување на новинарите. Тоа е евидентно, тоа се приметува“, вели Костадинов.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата