Вонредна состојба во српска општина поради излевање мазут во реката Моравица

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вонредна состојба во српска општина поради излевање мазут во реката Моравица

Вонредна состојба е прогласена денеска во Ивањица, Западна Србија, откако 70 тони мазут се излеаја во реката Моравица, објави националниот телевизиски канал РТС.

„Во реката Моравица се излеаја 70 тони мазут од Специјалната болница за рехабилитација. Еколошките и комуналните инспектори веднаш реагираа. Засега не можам да ја именувам причината или виновникот. За нас е од суштинско значење да се запре истекувањето на мазутот во Моравица бидејќи оваа река тече низ Ариље, Пожега и Чачак, што може да резултира во еколошка катастрофа во цела Западна Србија“, рече официјален претставник на општината.

Според РТС, мазутот бил складиран за зимската сезона во едно од претпријатијата од каде што се излеал во реката.

Спасувачките екипи се на местото на настанот, обидувајќи се да ги соберат нафтените производи од површината на водата.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата