Loading..

Кина ги повика САД да престанат да се мешаат во Хонг Конг еден ден откако претседателот Доналд Трамп ги коментираше тековните протести кои продолжуваат да го тресат азискиот финансиски центар, пренесува „Спутник“.

Министерството за надворешни работи на Кина соопшти дека Хонг Конг, полуавтономен регион во Јужна Кина, спаѓа исклучиво во доменот на нејзините внатрешни работи. Министерството за надворешни работи, исто така, ги повика САД да престанат да се мешаат во работите во Хонг Конг.

Коментарите доаѓаат како реакција на тврдењата на Доналд Трамп дека кинески трупи се движат кон границата со Хонг Конг.
Министерството во вторникот ги обвини САД за поттикнување хаос откако некои американски законодавци, меѓу кои и претседателот на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси, и лидерот на мнозинството во Сенатот, Мич Мекконел, го осудија, како што рекоа, насилното потиснување на демонстрантите во Хонг Конг.

„САД во многу наврати ја негираа својата вмешаност во тековните насилни инциденти во Хонг Конг. Сепак, коментарите на тие членови на американскиот Конгрес му обезбедија на светот нови и моќни докази за вклученоста на земјата“, рече портпаролката на конеското МНР, Хуа Чунјинг.

Трамп рече дека не може да замисли зошто некој би ги обвинил САД за вмешаност во контроверзноста во Хонг Конг.

Кина минатата недела ја повика и Велика Британија да престане со мешање и со предизвикување проблеми откако британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб, го повика извршниот директор на Хонг Конг, Кери Лам, да изрази загриженост за масовните антивладини протести што го тресат градот изминативе неколку месеци.

Тензиите во Хонг Конг се зголемени поради предложениот закон со кој се овозможува екстрадиција од Хонг Конг во континентална Кина.

извор: Makfax

Најчитани вести