„Фејсбук“ правел записници од приватни разговори на корисниците

14.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Фејсбук“ правел записници од приватни разговори на корисниците

Според информации на соработници на „Фејсбук“, оваа добро позната социјална мрежа тајно собирала записници од разговори на своите корисници, кои ги снимила преку микрофоните на нивните телефони, пренесува „Сајнс алерт“.

Неименуваните соработници за „Блумберг“ изјавиле дека „Фејсбук“ им плаќал да слушаат бројни и понекогаш вулгарни разговори оа корисниците на „месинџер“, иако компанијата никогаш не им објаснила зошто има потребна транскрипција на тие комуникации.

„Фејсбук“ само им ги праќал снимките, без информации за начинот на кој е дојдено до нив, а тие ги запишувале разговорите. „Блумберг“ наведува дека постојат стотици соработници кои вршеле ваков вид на работа за социјалната мрежа.

Набрзо се огласија и од „Фејсбук“, од каде го потврдија снимањето на разговорите и објаснија дека користеле записници за да го тестираат развојот на вештачката интелигенција за препознавање на говор, додавајќи дека проектот бил стопиран уште минатата недела.

Извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, на бројните сослушувања пред американскиот Конгрес инсистираше на тоа дека мрежата ја почитува приватноста на корисниците и применува пристап до микрофон само кога за тоа има дозвола од корисникот, односно само ако корисникот дал дозвола во рамките на апликацијата и активно користи функции за кој е потребно аудио, како што се говорните пораки.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата