ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите од Заев кон новинари и врз основа на сексуална ориентација

13.08.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите од Заев кон новинари и врз основа на сексуална ориентација

Криминалците се во Владата и ги води Зоран Заев. Тие ја уриваат Македонија и единствен начин да се спаси државата е да бидат поразени, реагираше ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на премиерот Зоран Заев.

Зоран Заев е во очевидна паника. Доказите кои излегуваат во јавноста за случајот ‘Рекет’, кои го стегаат обрачот околу него се флагрантни и од нив нема бегање. Одговорност мора да има. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува навредите и заканите на Заев кон новинарите кои го обелоденија неговиот криминал. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува и навредите врз основа на сексуалната определба.

Настапот на Заев докажува дека Боки Тредичи е негова креатура и дека знаел за се што се случува. Толкав гнев и агресија кон луѓе со понаква сексуална ориентација може да се објаснат само со огромна блискост во минатиот период”, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека „Заев е очигледно исплашен од медиумските написи дека осомничениот Боки Тредичи има докази против него и ќе ги обелодени”.

Заев е главата на октоподот, мозокот кој ги движи пипките како Боки Тредичи, Зоки Кичеец и Катица Јанева. Заев е човекот без чие знаење милионскиот рекет кој траел со години воопшто и не би бил можен. Господине Заев одете си и оставете Македонија да заздрави од вас. Правда во Македонија ќе има, но не со вас на власт”, се додава во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата